Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 263 болни
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК две пациентки.
Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 93 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Ново на Сител
-
По ДСЗИ, од вчера случајот со смртта на 14 месечното бебе го истражува стручната комисија
-
Мајката и малолетната ќерка во тетовско Слатино починале од труење
-
Филипче: Мицкоски има обврски да информира за ЕУ во Собранието
-
Филков: Правосудниот систем мора да се реформира, дебатите стартуваат следниот месец
-
ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка, не е прекршен законот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинувањето на балансерот
-
Уставен го укина балансерот, нема веќе вработувања по етничка основа во администрација
-
Преглед на вестите од светот