Македонија
9. October 2024 - 16:33

Уставен го укина балансерот, нема веќе вработувања по етничка основа во администрација

Уставниот суд пресече - се укинува алатката балансер и вработувањата со етнички предзнак. Одлуката ја донеле мнозинство од судиите и од денеска нема веќе вработувања во јавната администрација по етничка основа ниту пак на огласите за вработување ќе биде наведено тоа како услов. Претседателот на судот Дарко Костадиновскии вели дека само компетентноста треба да биде единствен критериум за вработување и унапредување.

Според Костадиновски лага е дека со ваквата одлука се скратени правата на заедниците. Се повика на одлуката која ја донесоа судиите за укинување на графата националност во изводите за родени.Повика одлуката да не се политизира и етнизира, бидејќи значела само почитување на Уставот во кој се гарантираат човековите права на сите.

Иницијативата по која одлучуваа уставните судии беше поднесена од антикорупциска во јануари годинава, а како забелешка беше наведено дека балансерот предизвикал пренатрупаност на институциите и администрацијата.