Македонија
9. October 2024 - 12:11

Раскинат договорот со фирмата која ги хранеше војниците

Министерството за одбрана го раскина договорот со фирмата која ги снадбуваше војниците со храна по случајот со труењето на 60 припадници на армијата. Во иднина министерот најави дека целосно ќе се исплаќа хранарина или ќе распишат нова постапка за нова кетеринг компанија. Во отчетот за сработеното за 100 дена влада, Мисајловски зборуваше на повеќе теми меѓу кои проценката на помошта за Украина, новите пакети донација, намалување на судските трошоци по добиените тужби на вработените.