Македонија
31. August 2016 - 15:02

Во Кичево одложена преставата „Хотел ни на небо, ни на земја"

Поради повреда на еден од актерите на Штипскиот театар се одложува за вечерва закажаната театарска претстава „Хотел ни на небо, ни на земја" во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево во изведба на Театарот од Штип, информира денеска Михајло Петревски, преставник од општина Кичево. 

Претставата требаше да се одржи вечер во 20 часот во рамки на манифестацијата „Топол културен бран", финансирана од Министерсвото за култура на Република Македонија, а во организација на општина Кичево.