Во Иран разбиена група поврзана со ИД
Иранските власти денеска ликвидираа тројца припадници на терористичката групација Исламска држава, пренесе ИРНА.
Терористите биле застрелани во куќа во градот Керманшах, близу границата со Ирак. Синоќа при операција во друг град во истата провинција е убиен уште еден високопозициониран член на ИД, а уапсени се неколкумина помагатели, изјави Асадола Разани, гувернерот на иранската провинција Керманшах.
Керманшах е област претежно населена со Курди сунити, каде што често има бунтови против властите на доминантно шиитската држава Иран. ИД е сунитска групација која ги смета шиитите за еретици. Таа имаше заземено под своја контрола голем дел од територијата на Ирак и Сирија.
Иранските власти соопштија дека последниве месеци ИД ги засили своите активности против Иран, поради зголеменото воено присуство на оваа земја во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила