Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.
Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.
Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица – 17 во Јабланица и тројца во Фојница.
Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот