ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата

Европската Унија внимателно ги следи најновите случувања поврзани со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, изјави портпарол на Европската комисија (ЕК), пренесува „Евроњуз Албанија“.
ЕК не сакаше да коментира за тековните судски постапки, но нагласи дека останува „максимално посветена на поддршката на реформските напори на Албанија“ и на зајакнувањето на ефикасноста, независноста и отчетноста на нејзините институции, во согласност со стандардите на ЕУ.
– Реформата во правосудниот сектор и зајакнувањето на владеењето на правото во Албанија се клучни елементи во процесот на пристапување во ЕУ, изјави портпаролот.
Велиај беше уапсен на 10 февруари под обвинение за пасивна корупција и перење пари, согласно истрагата на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК).
Специјализираниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија (ЃККО) му одреди мерка „притвор“, како и „куќен притвор“ за неговата сопруга Ајола Ѕоѕа.
Албанскиот премиер, Еди Рама, кој важи за политички сојузник на Велиај, реагираше по апсењето, нагласувајќи дека „тој е осомничен, но не и обвинет“ бидејќи, според него, нема доволно докази за подигање обвинение.
Во истрагата се опфатени уште пет бизнисмени, од кои еден доби мерка „притвор“, а четворица „обврска за јавување двапати месечно“.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
