Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
Доживотен затвор за убиецот на 29 годишната штипјанка Емилија Пешева. Штипскиот суд му ја изрече максиланата казна на Фадил Зејнелов кој на преходното рочиште пред два дена призна дека на 1 ноември ја убил својата вонбрачна парнерка. Доживотна казна затвор во завршните збори побараа и обвинителството и семејството.
Емилија нема да се врати, но максималната казна за убиецот е мала утеха велат и нејзините родители.
Ова свирепо и монструозно убиство покажува за каков човек се работи. Со претходните казни затвор се укажува на неговата непоправливост и за да не стори исто или слично дело во иднина убиецот на нашата ќерка треба никогаш да не излезе од затвор. Ќерката не можеме да ја вратиме, ја чувавме 29 години, ама убиецот ја заслужува оваа казна“ вели таткото Слободан Пешев.
Зејнелов ја убил Емилија на 1 ноември минатата година во напуштен објект во Штип, по што сам се пријави во полиција. Повеќепати претходно бил пријавуван за семејно насилство, а осудуван бил и за повеќе кривични дела со вкупна казна затвор од 10 години.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар