Преглед на вестите од светот
Русија никогаш нема да разговара за размена на украинските територии што ги зазеде за деловите под контрола на Киев во руската област Курск. Вака Кремљ му одоговори на укрианскиот претседател кој во интервју за гардијан рече дека ќе и понуди на Русија , украинската војска да се повлече од освоените делови во Курск во замена за делови од Украина под контрола на Москва, без да прецизиира кои. Портпаролот на Кремљ изјави дека укрианските војници ќе бидат протерани од Курск без никаква трампа на територии, но не кажа кога тоа ке се случи.
-Ова е невозможно. Русија никогаш не разговарала и нема да разговара на тема размена на нејзината територија. И, се разбира, украинските формации ќе бидат протерани од оваа територија (Курск). Секој што не е уништен ќе биде протеран, изајви Димитри Песков, портпарол на Кремљ.
Русија контролира околу 1/5 од укрианската теритроија, или повеќе од 112.000 квадратни километри, додека Украина контролира околу 450 квадратни километри од руската област Курск.
Израел ќе го прекине сегашниот прекин на огнот и ќе ги продолжи „интензивните“ воени операции во Газа ако Хамас до сабота напладне не ослободи израелски заложници порача изарелскиот премиер. Но Нетењаху не прецизираше дали бара ослободување на сите 76 преостанати заложници или само тројцата што треба да бидат ослободени оваа сабота, согласно договорот. Пред два дена Хамас објави дека го одложува следното ослободување на заложници бидејќи Израел го прекршил примирјето. Со спречување на раселените палестинци да се вратат во северна Газа и ограничување на испораката на хуманитарна помош.
Константинос тасулас е нов претседател на Грција. Со 160 гласови од вкупно 300 пратеници, грчкиот парламент го избра тасулас за шеф на државата. На денешното четврто гласање беше поребно еден од четоврицата кандидати да добие најмалку 151 глас за. 66 годишниот Тасулас е поранешен собраниски спикер и предлог на владејачката нова демократија.
Тој ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата на 13 март, кога и официјално завршува петгодишниот мандат на Катерина Сакеларопулу, првата жена претседател на Грција.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар