Во Бигорски манастир за Прочка над 1.500 верници
По повод големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка, македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, беше препол од верници.
Уште од попладне а посебно на традиционалната Умилителна вечерна на простувањето, со коленопреклони молитви за прошка на прегрешенијата и добра сила за претстојните пости, присуствуваа над 1.500 верници,што е за трипати поголем број од минатата година за овој празник.
-Брзајќи подготвено да го започнат подвигот на Постот, Бигорското монашко семејство, придружено со огромно мноштво верници што пристигнаа од секаде низ земјава, се собраа во големиот Претечев храм, за тука искрено да ги отворат своите срца во покајание пред Бога, барајќи од Него и од своите ближни прошка за сите свои прегрешенија, со кои ја нажалиле Неговата добрина. Храмот кој ги пречека со тивкиот сјај на запалените кандила, наскоро ги смени своите светли облеки, потсетувајќи ги за претстојното покајно патување низ неделите на постот, а монашкиот хор, низ умилителните стихири во душите го раѓаше она спасително чувство на таговна радост, подготвувајќи ги за мигот на сеопштото простување,велат од Бигорскиот манстир.
Во обраќањето игуменот на манастирот, Архимандрит Партениј ги повика присутните уште посилно да се задлабочат во прекрасната атмосфера на Великиот Пост и да ги усвојат љубовта и простувањето како најважни.
-Ве замолувам и смирено од вас барам да ми простите и мене за сѐ што како духовник сум ви згрешил, како и за сите мои гревови од сите денови на мојот живот, бидејќи нема човек кој ќе живее, а да не згреши. Понекогаш тие што имаат голема духовна власт и одговорност, можат и најмногу да згрешат. Јас се чувствувам последен и најгрешен од сите и затоа се надевам на вашите молитви и на вашата прошка. Доколку најдете сили да ми простите и Бог ќе ви прости вам. Колку и да сме грешни, Бог сака да биде во нашиот внатрешен дом, во нашето срце. Да сте благословени, добар пост и на крајот сите да се удостоиме со радоста од славно воскреснатиот наш Господ, порача меѓу другото Архмандрит Партениј.
Во текот на вчерашниот ден овој македонски бисер го посетија и поголем број странци.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!