Македонија
4. March 2024 - 20:05

Внатрешна истрага во МВР - зошто граѓаните чекаат толку долго за да си ги земат готовите документи

Откако министерот Тошковски покрена внатрешна истрага за проблемот со недостигот на обрасци, сега дополнителниот заменик Бојмацалиев ќе истражува зошто граѓаните чекаат толку долго за да си ги подигнат готовите лични документи од службите на МВР. Каде потфрла системот и дали некој не си ја врши работата за која е платен?

Но готовите лични документи кои стојат во кутиите не се единствениот проблем за граѓаните. Голготата некој да крене слушалка за да закажат термин и понатаму трае. За да закажеш за пасош е тешко, а изработката на патните исправи пак е ограничена на 3.000 на ден. За да се зголеми капацитетот потребни се нови машини, чија испорака се чека една година. Во моментов во државава две машини ги печатат пасошите за сите граѓани. 

Обрасци за пасоши се обезбедени за до јуни, а во среда ќе се отвори нов пункт во центарот Идризово каде ќе се фотографираат граѓаните кои имаат закажано за лични документи по итна постапка.