Македонија
23. September 2019 - 14:50

ВМРО-ДПМНЕ: Власта зема повеќе пари од граѓаните преку даноци

Реакција на прес конференцијата на Лидија Тасевска

СДСМ ги лаже граѓаните. Манипулација е дека власта ги враќа парите кај граѓаните, власта им зема повеќе пари на граѓаните преку даноци, за потоа популистички да се фали дека враќа дел од тоа.

Ако власта навистина сака да врати повеќе пари кај граѓаните, таа ќе ги намалеше даноците.

Наместо намалување на даноците имаме зголемување.

Прогресивниот данок, зголемувањето на акцизите и другите давачки кои ги наметнува власта се товар за граѓаните. Преку нив повеќе зема, отколку што подоцна враќа преку мој ДДВ.

Наместо популистички мерки, вистинската улога на државата е преку градење на силни институции, функционална инфраструктура, квалитетно образование, подобро здравство, вистинска поддршка на приватниот сектор, поттикнување на иновации и претприемништво, да ги зголемува капацитетите на реалната економија, да го подобрува животниот стандард и да креира подобри услови за живот на граѓаните.

Оваа неспособна Влада на чело со Заев покажа дека нема капацитет да ја развива и гради економија на одржлива и реална основа што ќе значи поголем благодет за граѓаните.

На антибизнис и ненародните политики на власта им доаѓа крајот. СДСМ е пред заминување, граѓаните нема да треба уште долго да го трпат овој терор. Време е за предвремени парламентарни избори. Време е за пад на СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ