ВМРО-ДПМНЕ: Се вработува сопругот да ја вработи сопругата - Обвинителството се ДУИЗИРА и фамијализира
Се вработува сопругот, да ја вработи супругата - Обвинителството со ДУИЗИРА и фамијализира, Ислам Абази шеф на ЈО, сопругата ја вработува обвинител, ова го има само во Македонија под власт на ДУИ поддржани од СДС.
Ислам Абази кој на сомнителен начин стана шеф на ЈО, сега на ист начин ќе се вработи неговата сопругата како обвинител, додека тој е шеф.
Во ниту една друга демократска држава во Европа или на друго место во светот сопругот кој е избран на позицијата шеф на ЈО, не ја вработува сопствената сопруга во институцијата со која тој раководи.
Се отвора прашањето, дали Абази стана шеф на ЈО, за да може и неговата сопруга да стане обвинител, но и други кадри блиски до ДУИ и СДС?
Како може граѓаните да чекаат правда кога судството и обвинителството се испреплетени од фамилијарно партиски вработени кои и се лојални на партијата, а не на државата?
Заради фамилијаризацијата на судството и обвинителството граѓаните немаат доверба во правосудниот систем. Потребни е коренити промени, а тие се можни само со промена на власта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави