Македонија
30. November 2015 - 21:03

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна обидот на СДСМ да ги спречи исплатите на пензии и социјална помош

 ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на соопштението на СДСМ за одлуката на ДИК вели дека пропаднал обидот на СДСМ да ги спречи исплатите на пензии и социјална помош.

- СДСМ не успеа да ги казни пензионерите, социјалните случаи и сите оние кои не ги поддржуваат нивните деструктивни политики. СДСМ сакаше да ја види Македонија на колена и да ја доведе во неизвесност егзистенцијата на 300.000 пензионери и на примателите на социјална помош, се наведува во соопштението.

СДСМ, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, сакаше да нема нови апарати по болниците, да нема нови патишта, да нема субвенции за земјоделците. 

- ВМРО-ДПМНЕ сака да му порача и на Кире Наумов и на СДСМ и на народот на Република Македонија дека ваквите антидржавни обиди нема да пројдат, се наведува во партиското соопштение.