ВМРО-ДПМНЕ: Позади Заев и Филипче имаме десетина починати, стотина со потешка слика и илјадници заболени скоро секој ден
Неодговорниот и неспособниот однос на власта кон пандемијата е единствена причина за големиот бран на КОВИД 19 уште во август.
Заев и Филипче не преземаа мерки кога тоа им го кажуваше стручната јавност, а сега ги трпиме последиците сите.
Заев и Филипче не воведоа протоколи при влез во државата кога разгорувањето на четвртиот бран беше на повидок, за сега цела ЕУ да не стави на „црна листа“ за влез.
Заев и Филипче не ја спроведуваат ниту вакцинацијата како што треба. Наместо неколку десетици пунктови низ Скопје, во екот на таканаречената кампања за масовна вакцинација имаше само три.
Власта не знае да ја менаџира кризата и како последица имаме десетици изгубени животи секој ден, илјадници заразени и стотици со тешка клиничка слика.
Време е да се промени се од корен.
Време е за нов пристап.
Време е за нови луѓе.
Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар