ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка Влада
Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица.
Доколку Ковачевски има страв со техничка влада, нека не се плаши, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за нејзино укинување, еве му го Оливер Спасовски во МВР ќе му го држи стравот, само нека се охрабри.
Ако пиунот Ковачевски верува во тоа што го зборува, тогаш тој нема да чека и ќе излезе на избори веднаш.
Помалите партии кои имаа проблем со изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ директно ветува дека ќе поддржи една изборна единица, само нека излезат од владата и да се распишат избори веднаш.
Ако ЛДП, ДОМ и ДС се искрени со своите гласачи, тие ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја напуштат владата. Една изборна единица е заложба за која зборуваат со години, сега ќе ја имаат, доколку не излезат ќе покажат дека се било само за политички поени, а всушност се декор на мафијата СДСМ-ДУИ.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ