Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
Одлично забава, староградска и чалгиска музика, вкусна храна, греано вино, втора година по ред во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар во организација На општината и Slow food. Идејата е по теркот на сите поголеми европски градови и тука да се одржуваат вакви базари каде покрај забавата малите производители ќе имат можност да ги пласираат своиоте производи.
„Годинава имаме многу поголем број на изложувачи околу 30 се на број. Бенефитот е тој што малите производители може да се промовираат тука, дома, најчесто произвдодителите ни се од овој крај Прилеп, Кавадарци, Неготино. Овие производи се посебни и се направени со повеќе љубов“, истакна Тодорка Наумоска Димеска, претседател на Slow food Prilep.
„Овде има изложени производи каде самите продавачи ги имаат произведено, значи нема тука втора или трета рака, се што се нуди е произведено од самите продавачи. Директно купувате од тој кој ги создал производите“, рече Гоце Бумбароски, член на Slow food Prilep.
„Традиционално нашите производители ги изложуваат и своите производи, интересни работи кои може да послужат како новогодишен подарок. Збогатена е програмата со многу забава, музика, расположение, детско катче, за секој вкус има по нешто“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Домашно вино и ракија, зреено и пушено месни и месни производи, сирење, мед, баклава, тулумби, разни рачни изработки, накит како и земјени грнчиња и тави беа само дел од производите кои денеска се нудеа во Прилеп. Изложувачите велат дека ова е одлична можност купувачите да имаат директен контат со производителите, па дури и да ги пробаат пред да ги купат.
„Овој предновогодишен настан веќе стана традиционален, очекувам се поголема посетеност од нашите сограѓани и да ги охрабрам да дојдат и да пробаат производите кои ги нудиме“, рече Гоце Станоески, производител на вино и ракија.
„Годинава прв пат учествувам на овој базар, мило ми е што оваа година е побогат за разлика од лани, се надевам дека идната година ќе прерасне во уште поголем базар“, додаде Ема Миткоска, израборувач на накит.
„Се занимававаме 4 генерации со овој занает на грнчарство, јас сум 4 генерација, многу се бараат овие производи, но за жал ретко кој го продолжува овој занает затоа што е тежок“, вели Мартин Митрашкоски, производител на грнчарија.
Базарот ќе трае во наредните 3 дена, а ќе биде збогатен со многу забава, музика, програма за деца кој е планирано да ги посети и Дедо Мраз.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар