ВМРО-ДПМНЕ очекува распуштање на Парламентот, а за нов предлог за министер ситуацијата се уште се анализира
Сé уште се анализира ситуацијата за евентуално доставување нов предлог за технички министер за труд и социјална политика, а согласно Централниот и Извршниот комитет, претседателот на партијата го има овластувањето за тоа одлучување, рече денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.
Според Ласовска, која даде изјава за медиумите пред почетокот на собраниската седница на која треба да се гласаат законите за ЈО и измените на Законот за Совет на јавни обвинители, ВМРО-ДПМНЕ се надева дека Собранието денеска ќе се распушти и дека ќе има избори на 12 април како што било договорено кај претедателот на државата, Стево Пендаровски.
-Ако политичарите од владејачкото мнозинство се сериозни, тогаш треба да останат на договорот и Собранието да биде распуштено, истакна Ласовска, одговорајќи на новинарски прашања.
Претходно, Ласовска се осврна на разрешувањето на Рашела Мизрахи и уште еднаш побара од премиерот Оливер Спасовски, ако причината за ваквата одлука навистина била таблата со името Република Македонија, тогаш да бидат разрешени и сите останати директори и надлежни лица од институциите чие име се уште не е сменето и на чии табли се уште стои Република Македонија.
-Лицемерието на хибридниот режим на Зоран Заев целосно се разобличи со разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Таа не го прекрши ниту законот, ниту Уставот. Напротив, ја разрешија зашто го откри и не молчеше за криминалот кој бил правен претходно во министерството, неодговорното работење и неспособноста на кадрите на СДСМ, нагласи Ласовска и покажа документи од институциите чие име се уште не е сменето.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите