ВМРО-ДПМНЕ: Никој не смее да ги присилува граѓаните што да прават на денот на референдумот
Криминал е Заев да ги присилува граѓаните, тие мора сами да одлучат како ќе постапат на 30-ти
Договорот со Грција е најлошиот договор потпишан во историјата на Република Македонија. Заев ги урна позициите на државата и прифати работи кои неговите претходници не ни помислувале да ги прифатат.
Заев нема одговори зошто прифатил промена на идентитетот, историјата и културата и затоа бега од дебата.
Под превезот на референдумот се прави голем криминал. Милионски тендери се доделуваат на партиски активисти или нивни роднини, додека граѓаните ги лажат со европски вредности, од кои немаат ни Е.
Заплашеното обвинителство и суд молчат. Но тие нема да молчат засекогаш, криминалот кој сега се прави ќе дојде ден кога ќе биде изведен на виделина и секој еден кој направил криминал ќе одговара.
Ќе одговара и Заев кој отворено на сред град ги повикува бизнисмените да даваат поткуп на работниците за да излезат да гласаат ЗА.
Човекот кој е аболициран за криминал тежок 8.5 милиони евра, кој е фатен како бара поткуп од 200.000 евра, сега бара од бизнисмените во државата да поткупуваат гласачи за референдум. За ова одговорност ќе има.
Никој, ниту Заев не смее да ги присилува граѓаните што да прават на денот на референдумот. Граѓаните мора сами да одлучат, тие најдобро знаат што треба да направат.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите