ВМРО-ДПМНЕ: Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот
Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот.
Референдумот е најголемото достигнување на демократијата, со него се дава право и можност народот да одлучи по секое едно прашање кое е надвор од редовната работа на една власт. Такво прашање е асимилацијата која Ковачевски сака по секоја цена да ја протурка. Народот мора да биде прашан, дали тоа што го турка Ковачевски е во негов интерес или не.
Ако Ковачевски верува во себе и дека тоа што го прави е исправно, тој ќе излезеше на референдум. Но Ковачевски знае дека прави предавство и врши бугаризација и асимилација на народот и затоа бега од референдум.
Сакајќи да го стави прашањето со референдумот зад себе, мислејќи дека ќе помине брзо, тој дава изјави со кои го омаловажува народот и го покажува своето вистинско лице.
Ковачевски работи единствено во интерес за ден повеќе да остане на власт. Сето негово делување од сега па до денот кога ќе падне од власт ќе бидат единствено за гол опстанок на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Повисоки плати и за медицинскиот персонал - Буџетот се полни добро
-
Запрена постапката за Универзална
-
Нова најава за гасификација, но без детали
-
Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прифати укинување на балансерот додека беше на власт
-
Љутков: Нелегално примопредавање на Универзална од Град Скопје на Министерството за култура
-
Заклетва на нова класа питомци во армијата
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче