Нова најава за гасификација, но без детали
Наутро и навечер е најопасно за излегување надвор во Куманово, Струмица и Кавадарци. Резултатите од извештајот за загадувањето на воздухот покажува дека средните вредности на штетни честички во воздухот се далеку повисоки во овие три града, за разлика од Гостивар и Струга.
Со проектот во партнерство со УНДП беа лоцирани најголемите загадувачи на воздухот во овие пет градови.
-Согорувањето на два, односно согорувањето на биомаса во ложиште, разни видови ложиште, не само домаќинства туку и за други намени. Потоа, сообраќајот, тука се вклучени и издувните и од абење на тркалата, односно кочниците и другите делови на возилата, минералната прашина којашто ги вклучува емисијата од граденижништвото, односно дисперзија на градежништвото без соодветна контрола, појаснува ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, професор Дејан Мираковски.
Од Владата нова најава за целосна гасификација. Но без никаков детаљ. Ниту колку тоа ќе чини, колку време би било потребно за граѓаните и компаниите да можат да го користат гасот како енергенс.
-Тоа е една идеја којашто може да придонесе драстично да се подобри ситуацијата. Но, има и лепеза на мерки коишто ќе помогнат во таа насока. Како во здравствениот сектор, во училиштата и ред други да се замени мазутот и да се употребуваат помалку штетни... Како што се еколошките автобуси што треба да ги донираме на Град Скопје. Имаме план и да ги поддржиме и да доставиме предлог до Влада да се поддржат и стимулираат електричните коли и слично, вели вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.
Додека во Европа примарен енергенс е гасот, кај нас во Струмица граѓаните и фирмите ја имаат оваа опција. Но, мрежата во Струмица е незначителна со оглед на тоа што само 400 домаќинства, фирми и јавни институции имаат пристап до гас.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар