ВМРО-ДПМНЕ: Лошото менаџирање во здравството резултира и со жртви
Венко Филипче терајќи ја претседателската кампања на Стево Пендаровски, заборави дека формално е на функцијата министер за здравство.
Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата.
Каде беше Филипче четири месеци со мерките за спречување на ширењето на морбилите? Каде беа мерките да се спречи ширењето на болеста помеѓу вработените во здравствените институции, да се провери дали негувателките и воспитувачките во предшколските установи биле вакцинирани?
Дали е вистина дека нема вакцини во болниците во Кичево и Кочани? Кој ќе понесе одговорност за новите заразени во овие градови?
Филипче, сега, трчајќи да ја помине Македонија и да лобира за претседателскиот кандидат Пендаровски, сосема заборави на здравството.
Антивакциналната кампања која ја водеше СДСМ, и се удри од глава на владата предводена од Зоран Заев, а тука и на министерот за здравство Филипче.
Веќе неколку трудници ги изгубија своите бебиња затоа што власта е неодговорна.
Венко Филипче мора да си замине. Животот на граѓаните нема цена.
Ново на Сител
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање