Македонија
6. January 2025 - 16:39

Православните христијани го чествуваат Бадник

Со Бадникова литургија во Соборниот храм со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан почна празнувањето на Бадник, празник пред празникот. Големиот број верници кои дојдоа да ја проследат добија пораки за мир и благосостојба.

Верниците се подготвуваат за посна вечера, а посакуваат здравје пред се.

И оваа година традиционално стотици деца беа дел од бадниковата поворка. По завршувањето на литургијата дел од нив „Вечниот Бог“ му ја испеаја на поглаварот на МПЦ-ОА.

Добија и пакетчиња од г.г. Стефан.

Поворката тргна од пред Музејот на Град Скопје, па до Плоштадот Македонија.

Од Здружението „Бадникарска поворка“ велат, се одржува веќе 15-та година, а идејата е возобновување на стара традиција.

Бадник традиционално се празнува дома со семејството со скромна и посна трпеза.