ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски немо посматра како Османи го крши Уставот, кој на официјални средби говори само на албански јазик
Молчи Ковачевски, молчи Владата, молчи СДС за грубото кршење на Уставот и на рамковниот договор од страна на Бујар Османи. Молчат затоа што се целосно потчинети на ДУИ и подготвени се да голтнат се, само да се одржат уште некој месец на власт.
Последниот скандал со Бујар Османи покажува дека оваа власт ниту почитува правна држава, ниту владеење на правото. Погазува се што е нормирана одредба во Македонија и за тоа нема никаква санкција. Бујар Османи на состанок со неговиот шпански колега, министерот за надворешни работи единствено говорел на албански јазик, иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик. Ковачевски сето тоа немо го посматра и ќути. Ковачевски немо гледа како министер го крши Уставот и користи албански јазик во меѓународна употреба и нема да изусти ни збор.
Чија држава и дипломатија претставува Османи!? Дали Ковачевски има ингеренции да разрешува министри од ДУИ, или ие не одговараат пред него за нивната работа?
Ковачевски е еден тажен лик во Владата кој освен личниот интерес ништо друго не го интересира. Тој не може ни своите министри да ги води, а не пак ќе ја води Македонија.
Ново на Сител
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката