ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда
Хунтата на Зоран Заев, која ја зароби Република Македонија, вчера ја погреба демократијата и правната држава.
Република Македонија повеќе не е демократска држава. Република Македонија под водство на СДС е единствената земја во Европа каде пратеници се притвораат во судски монтиран случај.
5% од пратеничкиот состав е во притвор, а на удар е секој кој кажа не, на антидржавните политики на СДС. Хунтата владее со втерување на страв кај секој еден слободномислечки граѓанин, по принципот на воените хунти осудени од целиот демократски свет.
ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува мегународните организации да реагираат на уништувањето на демократијата во Република Македонија.
Притворите за пратениците Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се целосно неосновани, исто како што е неосновано обвинението за тероризам кое им се става на товар, ним и на лицата поврзани со настаните од 27-ми април. Случајот кој се води против 36-мината недолжни граѓани е чист политички прогон, кој не се заснова на правото и законите, туку на заканите и потребите на хунтата.
ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 - 17 часот:
- Крстосницата кај „Мавровка“;
- Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
- Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ