ВМРО-ДПМНЕ: Фијаско во високото образование, УКИМ со драматичен пад од 100 места на скалата на најдобри универзитети
Фијаско во високото образование, со Ковачевски и СДСМ, УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети.
Според светската листа на најдобри универзитети УКИМ, како најпрестижен македонски универзитет не е ниту во првите 1.000, туку се наоѓа на 1.594 место, што е за 100 места наназад, во однос од пред 6 месеци кога беше на 1.493 место.
И додека универзитетите од регионот како тие во Белград, Љубљана, Загреб се во првите 500-тини, УКИМ е над 1.000 места зад нив.
Лошиот рејтинг на УКИМ е пред се поради лошите политики во образованието.
Пет години СДСМ и ДУИ не направија ниту еден од неколкуте ветени студентски градови, не е инвестирано во опрема, ниту во човечки капацитет во високото образование, тоа е истата онаа власт, во која Ковачевски е заменик министер за финансии, а сега премиер.
И со секој поминат ден повеќе на СДСМ и ДУИ на чело на државата и образованието, УКИМ, но и целото образование ќе тоне. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори со цел брзи промени и закрепнување на државата на сите полиња.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен