Македонија
7. April 2022 - 18:28

Влада: Ублажуваме ценовни шокови за граѓаните со директни антикризни мерки

Владата презема низа мерки и активности кои треба да бидат поддршка и помош на граѓаните во услови на економска криза со која се соочува, светот, Европа и нашата држава, и е една од најголемите по завршувањето на Втората светска војна наваму.

За да се намали ударот врз животниот стандард, Владата веќе интервенираше со зголемување на минималната плата и обезбедување директна помош за пензионерите и социјално најзагрозените семејства.

Зголемената минимална плата, со новиот износ од 18 илјади денари веќе се исплаќа и со неа се опфатени 80 илјади работници во приватниот и државниот сектор. Денес со две минимални плати може да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка за разлика од порано кога беа потребни 4.25 минимални плати.

Синдикалната потрошувачка кошничка за март изнесува 36.768 денари и од почетокот на годината е зголемена за 1.000,00 денари, но оваа сума се покрива со дополнителните по 1.000 денари месечно за пензионерите кои ќе се исплатат во следните три месеци како дополнителна помош за најранливите семејства.  

Со измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се обезбеди примена на одлуката за раст на пензиите со примена на новата методологија, според која пензионерите ќе добијат историски највисоко зголемување на пензиите во септември.

За најранливите категории за основни производи за исхрана обезбедени се по 1.000 ден за 3 месеци за 35.000 корисници, односно 105 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика.

Владата продолжува да ја следи состојбата со економската криза и да интервенира со мерки и поддршка со кои ќе се олесни животот на граѓаните во услови на зголемени трошоци.

Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат