Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните терстирања на децата од 4 до 6 години згрижени во градинките.
-Податоците се алармантни. Тестиравме околу 500 деца, згрижени во градинките и резултатите покажаа дека секое второ дете има проблеми со говорот, но за жал, во последно време и се зголемува проблемот со деца кои воопшто не зборуваат. Најчесто станува збор за една полиморфна дислалија, односно каде се опфатени фонемите и изговорот на Р, Л, потоа еден парасигматизам каде имаме замена на Ш и Ж, со С и З. Но за жал, најчесто, во последно време се појавуваат случаи на тотално отсуство на говор, една алалија каде што треба алармантно да се реагира од логопед и дефектолог., вели Даниела Пајмакоска Момироска, еден од двајцата логопеди кои работат со децата во прилепските градинки „Наша иднина“.
Според Пајмакоска Момироска, една од главните причини е – екранизацијата, или напредокот на технологијата, но и отсуството на поголем надзор на родителите над децата. Алармира на голема комуникација меѓу родител и дете.
-Живееме во нова технолошка ера, тоа е разбирливо. Но не може да им дозволиме на децата постојано да се изложени на телевизорите, таблетите, телефоните. Отсуствува комуникацијата родител-дете. Таа комуникација мора да се засили и не смеат младите да бидат пропуштени сами на себе. Затоа главната препорака е: родители, комуницирајте со децата. Зборувајте им и кога ги земате од градинка како го поминале денот, и кога сте дома со некои обврски, пак, разговарајте, комуницирајте, одговарајте на сите прашања на децата. Бидете упорни и кога не сакаат да зборуваат. Најдете време за своите деца, препорачува логопедот Даниела Пајмакоска Момироска, вработена во градинките „Наша иднина“ во Прилеп.
За родителот Габриела Стефаноска чие дете на петгодишна возраст е згрижено во детска градинка, мора да се обрне внимание на проблемот и не смее да биде табу тема.
-Моето дете има проблеми со изговорот на неколку тврди согласки. Работам со логопед во градинката, а и надвор од неа. Не сакам да има проблем поматаму, ниту да биде за потсмев меѓу врсниците или пак да се појави булинг. Ситуацијата со проблемите во говорот е алармантна. Во групата на моето дете од 35 деца, 30 посетуваат логопед. Не смее ова да биде табу тема и добро е што родителите се охрабруваат. Затоа, логопедот и помошта што може да ја добијат, топло им ја препорачувам, вели Стефаноска која има дете во училиште и со кое претходно работела посетувајќи логопед.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите