Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
Реален и рационален е оптимизмот дека Македонија ќе ги стартува преговорите со Унијата. И претседателката Сиљановска вели дека го дели ставот на Мицкоски дека се поголем е бројот на држави кои ја разбираат позицијата на Македонија и бараат решение кое нема да биде на штета на нашата држава.
Прашањето добива регионален карактер бидејќи застојот на македонската интеграција според претседателката негативно влијае и врз државите од регионот и врз самата унија.
Вчерашната средба на Мицкоски со францускиот претседател Макрон во Будимпешта е значаен исчекор, смета и вицепремиерот Николовски.
Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори. Тој е политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиерoт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија“, вели Николоски.
По средбата со Макрон, Мицкоски вчера рече дека е уште поголем оптимист за одблокирање на европскиот пат на Македонија, без да се наштети на државните интереси. Средбата ја потврдија и од Елисејската палата во чие соопштение стои дека претседателот Макрон ја потврдил поддршката за европската интеграција на Македонија која мора да ги почитува меѓународните обврски.
Иако на самитот во Будимпешта присутвуваше и бугарскиот претседател, сепак Мицкоски не оствари средба со Радев.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар