Викендот 33 сообраќајки во Скопје, 12 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди.
Самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје информира дека на 22.јули-петок сообраќајната полиција извршила увид на 13 сообраќајни незгоди, од кои 11 се со последица материјална штета, а во две со телесни повреди се здобиле две лица.
На 23. јули - сабота извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Од нив пет се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице .
На 24. јули - недела увид е извршен на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци. Санкционирани се 15 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 17 возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Осум возачи поминале на црвено светло на семафорите, 16 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Затекнати се и 12 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 78 возила.
Ново на Сител
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов
-
Тема на денот со Орхан Муртезани, министерот за европски прашања
-
Младите од Македонија најмногу сакаат да ја напуштат државата споредено со врсниците од регионот
-
Таравари прими вакцина против грип - Со закон ќе се справуваат со антиваксерите
-
Фон Дер Лајен од Скопје: Проширувањето ќе остане врвен приоритет за ек во следните пет години
-
Прва средба на новите членови од историската комисија - Ќе има ли разлики?
-
Помилуваниот Равманоски повторно зад решетки, осомничен за обид за убиство