Loading Video...
Ф1
24. October 2022 - 12:07

Верстапен победи на американското Гранд-при: Ред Бул ја освои титулата кај конструкторите

Тимот на Ред Бул чии болиди го освоија првото и четвртото место на Американското Гранд-при ја потврди својата доминација и ја освои титулата во конкуренција на конструктори. 

 
Актуелниот, светски шампион Макс Верстапен е победник на 19-тата трка во Формула 1 првенството. 
 
Возачот на Реад Бул до својата 11-та победа сезонава стигна на патеката во Остин, Тексас, каде се возеше американското Гранд-при. 
 
Верстапен уште од старт го презеде лидерското место од Карлос Сајнц кој имаше судир со Расел уште на првиот свиок, а веќе во следниот круг Шпанецот мораше да го прекине својот настап. 
 
Место на подиумот изборија и Луис Хамилтон од Мерцедес, односно Шарл Леклер од Ферари. 
 
Како четврто рангиран трката ја заврши вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. 
 
Со освоените бодови на Верстапен и Перез, тимот на Ред Бул на три трки до крајот на сезоната ја обезбеди и шампионската титула во конкуренција на конструктори. 
 
Веќе следниот викенд на програмата се Големата награда на Мексико