Петта победа во низа на Макс Верстапен, а седма сезонава
Во Формула 1 шампионатот ништо ново. Пак победа на Макс Верстапен.
Актуелниот првак и лидер во Генералнит пласман Макс Вестапен победи на патеката „Ред Бул Ринг“ каде се возеше австриското Гранд-при.
Холанѓанецот, во ниту еден момент не им даде шанса на останатите да се надеваат на изненадување, па ја оствари седмата победа сезонава, а петта во низа.
Место на пиедесталот обезбеди и Шарл Леклер од Ферари кој заври на второто место, а трет беше Мексиканецот, Серхио Перез, кој е единствениот освен Верстапен кој сезонава се радувал на победа (и тоа две).
Верстапен е убедливо прв во Генералниот поредок сега со 229 бодови, или 81 повеќе од Перез, додека трето рангираниот Алонсо кој денеска заврши на на 6-тата позиција, сега заостанува точно 100 бодови зад Верстапен.
Следната трка во Ф1 шампионатот е закажана за следниот викенд, која на патеката Силверстон, ќе се вози британското Гранд-при.