Loading Video...
Ф1
23. October 2022 - 14:06

Сајнц пред Врстапен на стартот на американското Гранд-при

Четири трки остануваат и до крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот, во кој нема неизвесност барем што се однесува до шампионската титула, која веќе ја втора година во низа ја обезбеди Макс Верстапен. 
 
Но. Вечерашната трка во Остин, Тексас каде ќе се вози американското Гранд-при и тоа како може да решава за титулата во конкуренција на конструктори за која битка водат Ред Бул и Ферари. 
 
Токму болидот на Ферари управуван од Карлос Сајнц ќе ја има пол-позицијата, откако Шпанецот беше најбрз во квалификациите, а веднаш зад него ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул. 
 
Поради казниата за промена на моторот, Шарл Леклер кој имаше второ најбрзо време, сепак ќе започне од 12-тата позиција. 
 
Во вториот ред трката ќе ја почнат болидите на Мерцедес, односно Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
 
Стартот на вечерашната трката за Големата награда на САД е закажан за 21 часот.