Loading Video...
Ф1
27. August 2022 - 18:18

Карлос Сајнц ќе започне од пол-позиција на белгиското Гранд-при

Карлос Сајнц ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 14-та трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија. 
 
Иако на денешните квалификации возени на патеката Спа Франкошамп, актуелниот шампион Макс Верстапен имаше најдобар резултат сепак возачот на Ферари, Сајнц ќе ја има пол-позицијата. 
 
Зад Сајнц трката ќе ја започне Серхио Перез од Ред Бул, а од вторипот ред ќе старуваат Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон.
 
Двајцата прворангирани возачи во генералниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари трката ќе ја започнат последниот, поради промените на моторот на своите болиди на вчерашниот тренинг. 
 
Во пресрет на утрешната трка Верстапен има дури 80 повеќе од Леклерк.