Вашингтон пост: Руски хакерски групи упаднале во компјутерскиот систем на Демократската партија во САД
Хакери поврзани со руската влада упаднале во компјутерскиот систем на Националниот комитет на Демократската партија на САД. Тие речиси една година ја шпионирале внатрешната комуникација преку е-пораки и е-разговори. Тоа го објави Вашингтон пост повикувајќи се на извори во раководството на партијата и експерти за безбедност.
Меѓу украдените податоци се и анализи за Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за Белата куќа. Тие анализи се правени од партиски соработници.
Упадот бил откриен во крајот на април. Била повикана фирмата Крауд Страјк специјализирана за одбрана од кибер напади кои откриле дека две познати руски хакерски групи упаднале во мрежата на НК од летото 2015 година. Според нив, двете групши вршеле политички и економски шпионажи во корист на руската влада и поврзани се со руски разузнавачки служби.
Весникот Вашингтон пост објави дека компјутерскиот систем на НК на ДП бил „среден“ во минатиот викенд.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче