Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија
Десетина војници на НАТО, вклучително и најмалку осум британски војници, беа повредени минатата недела во верижна сообраќајка по учеството на вежба на НАТО во Естонија, соопштија синоќа локалните власти.
Војниците се враќале во нивната база во Тапа во време на снежна бура кога нивните комбиња учествувале во голем верижен судир што се случил по сообраќајка на два автомобила на автопатот Талин-Нарва.
Седумнаесет лица, меѓу кои 12 војници, се повредени и пренесени во болница по несреќата, соопшти полицијата.
Осум британски војници се пренесени во Британија на понатамошно лекување, изјави портпаролот на Министерството за одбрана. Тројца остануваат во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем.
Британските војници се распоредени во Естонија како дел од операцијата Кабрит, како дел од зголеменото воено присуство на источното крило на НАТО, по почетокот на руската инвазија на Украина.
Ново на Сител
-
Ведро и студено, преку денот сончево
-
Сосстојба на патишта
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош