Македонија
16. January 2016 - 13:03

Вакцинација против беснило на кучињата и мачките во Кумановско

Вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и соседните општини почна навреме. Надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков„ информираа денеска дека за оваа намена формирани се екипи кои ги вакцинираат кучињата и мачките по однапред определни реони во градот, приградските населби и селата во Кумановско.
 
- Сопствениците веќе се информирани дека вакцинацијата против беснило е започната. Најголем дел од нив се совесни и самите доаѓаат во Центарот и ги вакцинираат кучињата, рече ветеринарниот лекар Димитар Венев, од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков„ од Куманово.
 
Според проценките на стручните служби од центарот, со вакцинација треба да бидат опфатени помеѓу 2.000 и 2.500 кучиња. Центата на вакцината против беснило, која вклучува и таблети против паразити изнесува 500 денари. Вакцинацијата е редовна и се спроведува во периодот од јануари до мај.