Македонија
6. November 2024 - 12:19

Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите

Пожарникарите кои летово во критичниот период кога Охридскиот регион беше зафатен од неколку големи пожари беа во првите редови на терен во борба со огнената стихија, општината парично ќе ги награди. На списокот се 19 пожарникари од вкупно 39 на број и неколку членови на две доброволни противпожарни друштва.

Од страна на советниците беше побарано да бидат вклучени сите пожарникари, но да се наградат и сите други кои учествуваа во гасењето на пожарите, меѓу нив вработените во јавните претпријатија, планинската служба, граѓани и  волонтери.

Инаку, вкупната сума која е издвоена за оваа намена изнесува 580 000 денари.