Македонија
5. November 2024 - 21:17

Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?

Се уште е енигма дали и каде е направен пропуст при третманот на бебето од Струмица кое пред неколку дена почина од сепса на Детска. Од Државниот санитарен и здравствен иснпекторат на терен ја провериле документацијата на клиниката кога и во каква состојба било примено. Надзор направиле и кај матичниот гинеколог како и во струмичката болница. Извештајот треба да покаже колку редовни контроли правела мајката, каква терапија примало новороденчето и кога е примено во болница.

Во зависност од нивната контрола ќе се знае дали ќе има формирање на стручна Комисија. И министерот за здравство вчера според негови информации кажа дека станува збор за бременост што не била следена баш како што треба. 

- Kога е донесено бебето во клиниката за педијатрија веќе било во многу влошена состојба така да треба да се видат сите околности и според тоа и министерството ќе постапи, изјави Арбен Таравари министер за здравство(04.11.2024)

Според лекарите од Детска бебето било донесено во многу лоша состојба и сепсата била фатална. Од друга страна, пак, од струмичката болница кажуваат дека по раѓањето бебето го ставиле на антибиотска терапија и го испуштиле дома соцмајката во добра состојба.

И додека го чекаме извештајот за последниот случај, пред точно еден месец на Детска почина 14 месечно бебе од Гошинце за кое надзорот констатираше системски и стручни пропусти. Двајца специјалисти од Детска се суспендирани и за нив во тек е дисциплинска постапка. Од Лекарската Комора деновиве ќе се изјаснат по барањето на Таравари какави мерки да бидат преземени.