Преглед на вестите од светот
Со нереди и 9 темина уапсени заврши синоќа протестот во Нови САД. Зградата на Градското собрание е демолирана, а маскирани лица нападнале и полициски службеници. Протестот кој го организираше опозицијата во Нови Сад се бараше одговорност од властите за смртта на 14 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во тој град на 1 ноември.
Инаку тројцата повредени во падот на настрешницата се уште се во тешка состојба соопшти клиничкиот ценатр Војводина. Истрагата за несреќата е во тек и досега се сослушани 53 лица.
Во Шпанија продолжува потрагата по исчезнатите во разорните поплави што пред седум дена го го погодија источниот дел на земјата. Официјални лица соопштија дека се трага по 89 лица. Спасувачите од вчера ги пребаруваат подземните гаражи и подруми, како и лагуната кај Валенсија. Во поплавите досега загина 217 лица, а материјалната штета доправа ќе се утврдува.
Израелските одбранбени сили објавија дека една од десетте ракети лансирани утрово од либанската милитантна група Хезболах кон Израел паднала во областа на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив, но дека нема повредени. Аеродромските власти соопштија дека аеродромот продолжува да работи како и обично.
Во меѓувреме, Израел Кац е назначен за прв човек на Министерството за одбрана на Израел. Кац досега ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи. Премиерот Нетњаху вчера попладе го разреши министерот за одбрана Јоав Галант со објаснување дека повеке не се согласуваат за начинот на кој се води војната пртив Хамас и Хезболах.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар