Утре нестабилно со пороен дожд, пад на температурите од четврток
Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР додаваат дека долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.
Во четврток нестабилноста ќе се намали и особено претпладне ќе има услови за локална изолирана нестабилност, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер Повардарието и во источните делови. Дневната температура преодно ќе опадне и посвежо ќе биде во четврток и петок.
Во Скопје утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со појава на краткотрајно невреме.
Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Автопат кај Виена целосно под вода
-
МНР: Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието
-
Таравари: Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови
-
Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници
-
Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР