УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
Шефицата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) Каролин Зијаде денеска изрази загриженост поради најновите чекори на косовските власти против институциите финансирани од Србија и упати апел за отворените прашања да се разговара конструктивно и добронамерно во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.
Косовските власти вчера ги затворија сите објекти на општините и поштата кои работаат во српскиот систем јужно од Ибар. Зијаде предупреди оти „таквите еднострани акции носат ризик од дополнителен пад на довербата помеѓу заедницата и косовските власти“.
Таа изрази загриженост за влијанието од затворањата врз секојдневниот живот на поединци, особено на оние од немнозинските заедници, кои директно зависат од овие институции.
Зијадде ги повика сите да работат на одржливи решенија за благосостојбата и безбедноста на сите луѓе во Косово, наведувајќи дека тоа е единствениот прифатлив пат.
Ново на Сител
-
ЕУ нотира: Македонија не го рециклира отпадот – Зошто нема имплементација на легислативата за управување со отпадот?
-
Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади
-
Преглед на вестите од светот
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира