Loading Video...
Македонија
15. January 2025 - 21:19

Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје

Росен Жељасков го презеде мандатот да ја формира новата бугарска влада. По неколкумесечни преговори конечно е постигнат договор за коалицирање и обезбедување на потребното мнозинство. 

Иако јавно порачуваа дека нема да ги променат бугарските позиции во однос на Македонија, сепак познавачите велат дека стабилната влада во Софија отвора пат за меѓусебен дијалог и креативно решение меѓу двете страни. 

Стабилизирање на политичка состојба чека и македонската влада. За кабинетот на Мицкоски дијалогот е возможен само со влада која е подготвена за размена на позициите.

Поранешниот амбасадор во Софија, Ѓорчев е дециден дека иако Бугарија топката ја префрли во Брисел, преговорите со бугарските политичари се паралелен процес.

Во идната влада која треба да ја предводи Жељазков ја сочинуваат три коалициони партнери - ГЕРБ-СДС, ИТН И БСП – Обединета левица, а ке има парламентарна поддршка од блокот на Ахмед Доган. За новата влада ке се гласа утре. Во владиниот кабинет ќе има тројца вицепремиери и 19 министри. На чело на бугарската дипломатија доаѓа 33-годишниот Георг Георгиев, кој беше заменик на Екатерина Захариева од  2017 до 2021 година.