Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади
Договорот помеѓу Изарел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување заложници и палестински затвореници се уште не е потпишан и запечатан. денеска требаше да биде одобрен од израелскиот воен кабинет и владата но премиерот Нетањаху ги одложи состаноците, обвинувајќи го Хамас дека бара отстапки во последен момент во врска со одредени аспекти од договорот. .повеке детали не објави.Палестинската милитантна група вели дека не е така и дека е посветена на договорот кој го оцени како потврда дека Израел не ги постигнал целитите во Газа за време на 15 месеци војна.
- „Криминалната окупација се судри со непоколебливоста на нашиот народ и нивната приврзаност кон својата земја и не успеа да постигне ниту една од своите тајни или декларирани цели. Нашиот народ остана цврст во својата земја и не замина, ниту емигрираше истакна начелникот на Хамас во Газа Калил Ал-Хаја.
ОН, ЕУ, светски лидери ги повикаа Израел и Хамас да се придржуваат до договорот надевајки се дека ќе ја отовори врата за траен прекин на огнот помегу двеет страни. Според посредниците Катар, Еипет и САД мировниот договор , кој е поделен во три фази треба да стапи во недела и истиот ден Хамас треба да ослободи неколку израелски заложници.
- Во првата фаза од договорот, која ќе трае 42 дена, ќе се случи прекин на огнот и повлекување на израелските сили на исток и подалеку од населените места кои ќе бидат стационирани на границите во сите области на појасот Газа, размена на затвореници и заложници според специфичен механизам, размена на останките на починатите и враќање на раселените во нивните места на живеење, порача премиерот на Катар.
Семејствата на заложниците со воздржани реакции, жителите на Газа слават.
- Сакаме да го видиме тоа да се случи. мислам дека многу луѓе сакаат да го видат тоа да се случи. И ако ме прашувате мене, тоа требаше да се случи одамна, вели роднина на заложник.
Деталите за втората и третата фаза од договорот ќе бидат објавени по спроведувањето на првата фаза. Американскиот претседател во заминување Бајден успехот за договорот го препиша на својата администрација. за неговиот наследник Трамп пак, договор не би можел да се случи доколку тој не бил избран на изборите во ноември. И додека се чека прирмијетото во Газа, Израел продолжува со воздушни напади во енеклавата во кои според тамошните здратвсени власти загинале најамлку 20 цивили.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар