Македонија
16. January 2025 - 12:37
Охрид се подготвува за Водици
Охрид се подготвува за големиот верски празник Богојавление –Водици и Денот на рибарите.За безбедноста на капачите во водите на охридското езеро ќе има 5 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 нуркачки тимови, како и 6 медицински тимови за укажување прва помош со 3 амбулантски возила.
Од Црвениот крст со апел до до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 9 степени.
Во рамки на празникот Водици во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира и традиционална крводарителска акција „Водици 2025“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->