Свет
21. August 2024 - 8:14

Украина изврши голем напад со беспилотни летала врз Москва, објави градоначалникот на рускиот главен град

Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, при што руските единици за ПВО уништија најмалку 10 беспилотни летала што летаа кон главниот град, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Некои од беспилотните летала се уништени над градот Подолск, прецизира тој. Градот се наоѓа на околу 38 километри јужно од Кремљ.

„Системите за воздушна одбрана на Министерството за одбрана продолжуваат да одбиваат напади од непријателски беспилотни летала“, објави утрово Собјанин на Телеграм.

„Ова е еден од најголемите обиди за напади со беспилотни летала врз Москва во историјата. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата“.

Тој додаде дека според прелиминарните информации, во нападите нема жртви или материјална штета.