УХМР: Невремето своевиден метеоролошки феномен
Своевиден метеоролошки феномен кој опстојувал неколку часа со континуирано регенерирање и формирање олујни жаришта, иако според патеката на движење прогнозата покажувала дека треба да помине во краток рок.
Вака Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објаснува завчерашното невреме во Македонија кое посебно ја погоди скопската котлина.
Според УХМР, промените и движењата беа следени и најавувани во дневните прогнози на 3, 4 и 5 до 6 август, со потенцирање за дестабилизирање во сабота, 6 август, иако многу тешко можеше да се предвиди како ќе еволуира целиот процес на атмосферска нестабилност.
Продорот на ладен воздух во областа на Џеновскиот залив, формирањето висински циклон и придружни фронтални бранови кои постепено се поместуваа преку централните делови на Апенинскиот Полуостров и централен Јадран, биле појдовните услови за формирање и развој на невремето.
- На 6 август, областа на централен Балкан и Македонија се наоѓаа во предниот дел на тој систем. Во југозападното струење на висина се изврши транспорт на влага од јужните делови на Јадран и Јонско Море во континенталниот дел и Македонија. Овој комплексен систем имаше многу сложена динамика и под влијание на релјефот, вегетацијата (површински процеси) и другите фактори, дојде до раздвојување на облачните структури, стагнирање и соединување што понекогаш во науката е многу тешко да се предвиди. Тоа се случи и на 6 август, објаснуваат од Управата.
Атмосферата нагло се дестабилизира, поради загревањето на површината, комплексната релјефна структура и дополнителните динамички ефекти (проемната на ветерот со висина, отстапување на правецот со висина, конфергенцијата на приземје, интензивирање на трубуленција) - фактори кои придонесоа за формирање организиран конвективен систем во средни географски размери и иницирање група (кластер) составен од неколку олујни јадра.
- Иако во набљудувачкиот систем на УХМР овој процес се покажуваше како поизразена атмосферска нестабилност карактеристична за овој период, многу тешко можеше да се предвиди како ќе еволуира овој систем кој во својата позадина создавал конвективни келии, кои имаа изразени бурни процеси во многу мала временска рамка, а допринесоа за катастрофално временско влијание. Токму ваков организиран деструктивен систем (како своевиден атмсоферски феномен), со огромна енергија, вертикални движења и водена маса беша за многу кратко време формирна. Овој метеоролошки феномен се манифестираше во линија во Скопската котлина која се протегаше од Арачиново до Скопска Црна Гора и опстојуваше неколку часа со континуирано регенерирање и формирање неколку олујни жаришта иако според патеката на движење прогнозата покажуваше дека треба да помине во краток рок, потенцираат од УХМР.
Во вечерените часови на 6 август 2016 година, поширокото скопско подрачје беше зафатено од невреме со катастрофални последици, проследено со интензивни поројни врнежи од дожд, олуен ветер, силни грмотевици и чести атмосферски електрични празнења,незабележано во архивите на Управата. Според УХМР, најголемото деструктивно влијание со интензивни поројни врнежи (93 милиметри за само три часови) и силни молњи, предизвика несакани последици, со поројни поплави во централниот и рурален дел на градското подрачје, со загуба на човечки животи и предизвикување материјални штети.
Ново на Сител
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените