Македонија
16. December 2024 - 11:14

Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје...

Во вчерашниот ден МВР спроведе акции за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата.

Според информациите се работи за полициска акција против кирминалните кланови  Дуќанџик и Арачиново. Уапсени се 7 лица, членови на криминалните групи во Дуќанџик и Арачиново а пронајдени се пари и оружје.

Со акцијата се расветлуваат неколку познати во јавноста убиства, според информациите станува збор за најмалку четири случаи на кривично дело убиство меѓу мафијашките кланови.

За акциите кои се спроведоа изминативе денови и денеска, детали се очекува да даде министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој закажа прес конференција во 15 часот.