Туск утре ќе ги презентира новите предлозите на ЕУ кон Велика Британија
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави дека утре ќе го претстави новиот предлог на Брисел за договор со Велика Британија во врска со нејзините барање на реформи на Унијата, кои според Лондон се услов за останување на земјата во ЕУ.
- Утре околу пладне ќе биде претставен предлогот на ЕУ во врска со британското членство. Беше постигнат напредок изминатите 24 часа, но се уште има нерешени прашања, напиша Туск на Твитер.
По презентирањето, предлогот ќе биде испратен до сите 28 земји-членки на ЕУ, во обид да се постигне договор во однос на барањата на Лондон до Самитот на Унијата закажан за 18 февруари.
По синоќашната средба со британскиот премиер Дејвид Камерон, Туск денеска изјави дека на неа е постигнат напредокот во преговорите, но дека „се уште нема согласност“ за договорот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА