Македонија
12. February 2025 - 16:50

Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик со кои застареа голем број на дела на поранешни функционери. Со оваа одлука судот му дава уште една шанса на Парламентот  да ги промени спорните одредби донесени во 2023-та. Според првиот човек на Уставен, Дарко Костадиновски, овој закон е неуставен и направи непоправлива штета на државата. 

И покрај барањето на судијата известител Елизабета Дуковска судот да не одлучува за поднесената иницијатива, мнозинството од судиите го делат ставот дека измените се сериозна повреда на уставноста, а на сторителите на кривични дела им е дадена скриена амнестија. Каква ќе биде конечната одлука ќе зависи од Собранието.

Оспорените измени на КЗ беа донесени во септември 2023-та од тогашното мнозинство на СДСМ и ДУИ. Постапката заврши за два дена бидејќи беше искористено европското знаменце. 

Со измените се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување за функционерите.По реакциите јавноста и на ЕУ, веќе се работи на нови измени, а според министерството за правда годинава се очекува да биде донесен и нов КЗ.